ВРЕМЕ Е ЗА „BIJELO DUGME“ ВО СКОПЈЕ!


Со еднаква доза на задоволство и гордост Авалон Продукција информира дека најголемиот музички бренд и бенд на Балканот на сите времиња, Bijelo Dugme, после навистина долго време ќе одржи свој концерт во Скопје.

Концертот на Bijelo Dugme кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 8-ми април, ќе биде досега можеби најспектакуларен и гламурозен концерт кој бендот го одржал досега во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестар, тамбураши…bjelo-dugme-640x328

Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа во Скопје доаѓаат после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на Bijelo Dugme.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18.01), точно во 09 часот, преку проджната мрежа на Купи Карти За Се, а сите детали околу цените на билетите ќе бидат објавени утревечер во 21 часот.

ВАЖНО: СЕ ОДРЖУВА САМО ЕДЕН ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ!

Во продолжение, погледнете го видеото во кое Брега, Ален и Тифа самите го најавуваат скопскиот спектакл.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1