Време: Облачно со сончеви периоди и температура до 14 степени


Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во Полошката котлина и утре ќе има појава на магла и намалена видливост. Преку денот ќе дува слаб, а долж Повардарието и во крајните западни делови, умерен ветер претежно од југоисточен правец.mk skopje vodno sonce22

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од четири до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со слаба утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Од утре кон крајот на денот, па се до сабота, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1