Време: Стабилно, сончево со умерена облачност и потопло


Времето утре во Македонија ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност и потопло. Претпладне ќе има појава на слаба магла по одделни котлини, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер што ќе ја растури маглата.nebo sonce

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност преку денот. Претпладне ќе има услови за магла, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурите, а воздушниот притисок нагло ќе порасне за околу 10 мерни единици. Ќе има и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе провејува снег. Во наредните денови следува период на стабилно и суво време, а од вторник по одделни котлини повторно ќе има појава на магла.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1