Врие во Египет: Убиени 149 лица – демонстранти фрлија полициски џип преку мост (Видео)


egipet policiski djip

Бројот на убиени во денешните судири во Египет се зголеми до 149 луѓе, додека бројот на повредени е 1.403, објави Министерството за здравство.

Во судирите со полицијата гневните демонстранти успеаја да фрлат полициски џип од мост.

Вршителот на должност претседател Адли Мансур претходно воведе вонредна состојба во државата за еден месец и полициски час во 11 провинции од 19 часот по локално време до шест часот наутро.

Муслиманско братство тврди дека бројот на загинати е 220 и над 8.000 повредени.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1