Вучиќ: Американците ни се пријатели, ама санкции кон Русија не прифаќаме


Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТВ Пинк изјави дека Србија ќе побара во преговорите со Приштина, која инсистира на учеството на САД, да се вклучи и Русија која не ја признава независноста на Косово.

– Разговарав со Путин и тој потврди дека по потреба ќе учествува во разговорите. Србија нуди компромис, оди колку што е можно објективно и неутрално – рече Вучиќ, додавајќи дека „Албанците не прават ништо самостојно и дека тие не носат одлуки“.

– Со Путин зборувавме сами, во четири очи. Разговаравме за теми поврзани со Србија, но и за состојбата во регионот, за зачувување на мирот и стабилноста, на КиМ и сè што реков е апсолутна вистина – изјави Вучиќ во интервјуто за РТВ Пинк.

Тој изјави и дека не постои рационална причина зошто Србија би ѝ наметнала санкции на Русија и повтори дека додека е тој претседател до тоа нема да дојде.

– На нас со ништо Русија не ни направи штета. Зошто би вовеле санкции на земја која не ни направи ништо, а не им воведовме санкции на оние кои тоа нам ни го направија – праша тој.

Вучиќ рече дека во неколку наврати во Русија повторил дека Србија се движи кон ЕУ и дека ќе ги забрза реформите во 2018 година, како политички, така и економски.

– Многу тоа ќе мораме да забрзаме следната година. Следната година ќе биде полна со предизвици, а Косово и Метохија, мирот и стабилноста во регионот, тензијата во Босна и Херцеговина, зајакнувањето на економијата и зголемувањето на пензиите и платите ќе бидат главната тема на Србија – нагласи тој.

Во врска со односите со Хрватска, српскиот претседател изјави дека секогаш е подготвен за состанок со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ. Одгаварајќи на прашањето зошто тој состанок е откажан, Вучиќ одговори: „Состанокот со Китаровиќ можеби ќе биде, а можеби и не, јас секогаш сум подготвен.“

Според него, Србија треба да го зачува мирот и стабилноста и да не направи ништо за засилување на тензиите во Босна и Херцеговина.

– Дејтонскиот договор е кревок, но тој обезбеди мир. Секој обид на рушење на овој договор може да доведе до несогледиви последици. Тој е кревок, па секој кој оди против тој договор ризикува лоши последиците – изјави Вучиќ.

За групата Хрвати, кои беа платени за тепачката на фудбалскиот натпревар во Белград, Александар Вучиќ изјави дека тие се само „извршители и тепачи“, а од други земји, како што констатираше тој, биле „луѓето со повеќе мозоци“.

Запрашан дали некој сакаше да предизвика хаос во Србија, тој одговори со прашањето: „Дали навистина мислите дека стабилна Србија им одговара на сите? Зошто на оние што претходно учествуваа во уништувањето на Србија сега би им одговарала стабилна Србија?“

Коментирајќи ја најновата изјава на Хојт Ји за седењето на две столчиња, Вучиќ одговори:

– Американците се наши пријатели, сите тие се наши пријатели, но државата ја водиме во склад со сопствените интереси. Ниту САД, ниту Русија, ниту ЕУ, ниту било кој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1