Вучиќ: Ова што се случува во Македонија не е само македонски проблем


– Ова што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем, туку е проблем на сите нас кои живееме овде, изјави вечерва премиерот и избраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ. Тој апелираше до граѓаните на Македонија проблемите да ги решаваат на мирен начин.vucik
На прашањето како гледа на ова што се случува во Македонија, тој рече:
– Како претседател на Владата на Србија секога правев се за одржување на најдобри можни односи меѓу Белград и Скопје и меѓу Србија и Македонија. Мислам дека граѓаните на Македонија тоа добро го знаат и го почитуваат начинот на кој Република Србија се однесува кон граѓаните на македонија, но и кон државата Македонија. Многу сум загхрижен поради вечерашниве настани и мојата единствена порака, а луѓето во Македонија знаат дека таа доаѓа од искрен пријател, е да ги замолам сите проблеми и несогласувања да ги решаваат на мирен начин. Смирувањето на ситуацијата е во најголем интерес и на Македонија и на нејзините граѓани, a сите други проблеми може да се решаваат на преговарачка маса, на мирен начин и во мирна атмосфера, наведе Вучиќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1