Вучиќ: Возот со фрески беше проблем, а тоа што тие дојдоа со митралези, вооружени до заби е демократија


Српскиот премиер Александар Вучиќ за возот кој требаше да сообраќа од Белград до Косовска Митровица вели дека станува збор за обичен воз, а не тенк или оклопно возило. Во возот имало патници, родители со деца кои требало да се симнат на последната станица во северниот дел на Косовска Митровица.vucik

-Никој не беше навредуван. За Албанците е навреда тоа што во возот се наоѓаат фрески од манастир во Косово и Метохија, истакна Вучиќ и запраша кој од тоа можел да биде загрозен.

Забележа дека најверојатно голем број на Срби денеска се бесни што возот не стигнал до целта.

-Можевме да го пуштиме возот до Косовска Митровица, но тоа не беше наш интерес. Ќе имаше жртви на сите страни, рече Вучиќ.

Тој посочи дека доколку не ги молел Србите да се повлечат сега би имало војна бидејќи Албанците биле наоружани.

– Некој мора да каже да се престане, немојте да провоцирате нереди. Ако е крив изгледот на возот, што ми е смешно, значи дека ние Србите имаме всадено некое чувство на кривица. Ние имаме воз црвено-син- бел со слики, фрески во него, а тоа што тие дојдоа со митралези, наоружано до заби, на територија каде што не смеат да бидат без дозвола на локалното население, тоа е демократија, а ние сме криви за тоа како изгледал возот, рече Вучиќ.

Според него ЕУ и НАТО било запознаени со целата таа состојба, но сепак не реагирале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1