Вулнет Ферати официјално предложен за министер за здравство – Заев тактизира


Вулнет Ферати и официјално е предложен за нов министер за здравство од неговата партија Алијансата за Албанците. Информацијата за ТВ21 ја потврдил потпретседателот на партијата Елми Азири.

Вели дека не разговарале за менување на сектори и дека немаат намера да прифатат такво нешто.

„Ние бевме многу јасни и веќе го доставивме името на Вулнет Ферати како кандидат за министер за здравство. Сега очекуваме и другите партии да ги комплетираат нивните предлози со имиња и тие да бидат предложени до Собрание од премиерот Зоран Заев“, вели Елми Азири од АА за ТВ21

За разлика од Алијансата во СДСМ велат дека сите опции се отворени што подразбира Села да го загуби ова министерство. Од Бихаќка додаваат дека нема недоразбирања меѓу владините партнери и дека се „функционира нормално во интерес на граѓаните и исполнување на реформите“

Во ДУИ стандардно владее молк за сите теми поврзани со Алијансата на Села откако партијата пред последните избори побара Села да биде исклучен од владината коалиција.

Дел од медиумите кои важат за блиски до структурите на власта денеска објавија дека се размислува специјално за партијата на Села да се отвори ново министерство, а кадарот на Алијансата да биде вицепремиер задолжен за реформи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1