За 18.000 евра продадени шест писма кои принцезата Дајана му ги напишала на батлерот


Шест писма, кои британската принцеза Дајана своерачно му ги напишала на батлерот од Бакингемската палата, а во едно од нив се опишува радоста на синот Вилијам кога се родил неговиот помлад брат Хари, се продадени за речиси 18.000 евра.

Писмата, кои се напишани во 80-те и 90-те години за батлерот Сирил Дикмен, кој 50 години работел во Бакингемската палата, откриваат дел од животот на принцезата и нејзиното семејство во палатата Кенсингтон, соопшти аукциската куќа Чефинс од Кембриџ.princeza-dajana-1380925774-376219

Во едно од писмата, испратено пет дена по раѓањето на Хари во септември 1984 година, принцезата ја опишува својата среќа.

-Вилијам го обожува својот помлад брат и времето му минува бакнувајќи го, а речиси не ни дава да му се приближиме, пишува во писмото.

На аукцијата се продадени и фотографии и разгледници испратени до батлерот во вредност од околу 64.000 евра.

Лејди Ди, принцезата од Велс, му беше сопруга на принцот Чарлс. Таа загина на 37-годишна возраст, на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1