За 5 минути каменувани два воза – повреден машиновозач


Патнички воз и локомотива од воз вчера во период од 5 минути биле каменувани на железничката станица Скопје-Север.

kamenuvanПрвиот инцидент се случил околу 16:45 часот кога 4-5 непознати лица каменувале  локомотива од воз бр.68-601, кој сообраќал на релација фабрика Јегуновце – Трубарево.

При каменувањето е скршено прозорско стакло од локомотива, а машиновозачот бил удрен во десната рака и имал парчиња од стакло по телото, но без расекотини.

Второто каменување се случило подоцна, кога истите лица го каменувале меѓународниот воз бр.892, кој сообраќал на релација Скопје – Приштина, при што скршено е прозорско стакло од патнички вагон, додека повредени патници нема.

И во двата случаи полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицата.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1