За 7 дена со 3 годишно дете во болница дале 9.000


Ако мајка девет дена престојува со четиригодишното дете во болницата во Козле ќе треба да потроши цела минимална плата од 12 000 денари. 1000 денари е дневна тарифа и дополнително партиципацијата за пациентот. Во Клиниката за детски болести, придружникот плаќа 800 денари на ден. Оваа законска обврска е голем товар за семејствата, кои понекогаш се принудени детето да го остават само во болничката соба бидејќи немаат финансиски средства. Многу родители се револтирани од високите цени, но велат, немаат избор. Мајка од Скопје која се обрати во телевизија Сител, вели дека месецов останала без денар бидејќи сите пари ги дала за болничкиот престој со синот.

-Јас сум мајка од Скопје и многу сме револтирани од начинот на плаќање во болница кога седите со вашето болно дете. Јас бев со мојот четиригодишен син и за седум дена престој ме чинеше 7000 денари и плус партиципација од околу 1800 за моето дете. Стварно е многу. Ај јас некако се снајдов, ама знам родители кои земаат кредити за да платат, вели мајка од Скопје.

Родителите бараат од здравствените власти промена на политиката на плаќање. Или да го укинат ценовникот или, пак, да ги намалат цените за плаќање на придружба во болница. Велат тие што престојуваат по неколку денови некако ќе се снајдат, но што да прават семејствата ако детето мора да биде на болничко лекување 20 дена?

Според информации на Сител, уште пред неколку месеци била покрената иницијатива до Министерството за здравсто за промени на Законот за здравствено осигурување со цел да се најде соодветно решение за овој реален проблем на многу родители.

Дополнително, револт за семејствата создава и одлуката дека само мајка, баба или тетка може да биде придуржник во болница. За лекарите тоа било оправдано бидејќи има мајки што ги дојат бебињата и затоа не можело да има и лице од машки пол во болничките соби.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1