За малку судар на небо: Американските ловци пресретнале шест руски Миг 35 над Алјаска


Шест руски борбени авиони MIG 35, во петокот влегле во “иденфикационата зона на воздушната одбрана” на САД. Во близина на Алјаска ги пресретнале американски и канадски борбени авиони, соопштиле американски официјални лица.mig avion
Иако руски авиони и претходно влегувале во оваа област, ова е “прв пат за долго време” борбени авиони да влезат повторно овде, изјавил за AFP неименуван официјален претставник. Руските авиони ја напуштија зоната без инциденти.

Да се потсетиме, и Шведска вчера протестирала за Русија поради влегувањето на два руски воени авиони во воздушниот простор на оваа земја, соопштило Шведското министерство за надворешни работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1