За навреда на Фејсбук казна од 350 евра


Според новата регулатива во Брисел, навредите кои ќе бидат објавени преку Фејсбук, ќе бидат казниви исто како и при говор на улица.

Полицијата во западен Брисел донесе декрет според кој правилата кои го опфаќаат однесувањето во јавниот простор, ќе важат и за социјалните мрежи.facebook-money-500

Така, во општината Жет, оној кој ќе се послужи со говорот на омраза ризикува да биде казнет со 350 евра парична казна.
-Она што не смеете да го направите на вашиот сосед, на пример, да го навредувате бидејќи бил премногу гласен, досега беше дозволено на социјалните мрежи, но отсега нема да биде така- изјави градоначалникот на оваа општина, Ерве Дојен.

Тоа не значи дека полицијата ќе ги следи социјалните мрежи, но дава можност за тужба од лицата кои се жртви на несоодветни коментари и навреди, пренесува Ројтерс.

По поднесување на жалбата, полицијата ќе го идентификува и гони авторот, со што ќе покрене судска постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1