За само 5 месеци нови 17 заразени со ХИВ/СИДА во Македонија – сите се мажи


Oд почетокот на годинава досега вирусот ХИВ е потврден кај нови 17 лица, а сите се мажи. Повеќето од новоинфицираните го добиле вирусот преку секс со мажи, а помал е бројот на лица што се заразиле преку хетеросексуален пат, потврдува Националниот координатор за борба со ХИВ/сида, д-р Ѕвонко Миленковиќ, пишува Дневник.

hiv sidaРечиси сите лица што се носители на ХИВ, а ги има 83, меѓу кои се и новите случаи, примаат антиретровирусна терапија на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Меѓу нив е и едногодишно дете, на кое вирусот му го пренела неговата мајка во бременоста, а претходно во семејството не ни знаеле дека таа е носител на опасниот вирус.

На прашањето колку смртоносниот вирус може да се држи под контрола со примање АРВ терапија и со тоа да се одложи појавата на болеста, д-р Миленковиќ, кој е и директор на Kлиниката, тврди:

– Ако навреме се препознае инфекцијата и ако навреме се почне со ефикасни лекови и лицето оди на редовни контроли, смртноста кај овие лица е сведена речиси на нула и должината на животот може да се изедначи со таа кај лицата што немаат ХИВ/сида.

Освен во центрите и Институтот за јавно здравје, и во Kлиниката се врши тестирање на ХИВ/сида со три вида тестови.

– Тестирањето за ХИВ/сида е бесплатно, доброволно и доверливо и се препорачува задолжително да се проверат сите што имале ризично однесување. ХИВ-статусот е многу битен за што порано да се почне со неопходната терапија. Kај нас работи и советувалиштето каде што цел тим лекари се грижат за тоа како да му биде соопштен позитивниот ХИВ-статус на лицето што се тестирало – додава д-р Миленковиќ.

До април годинава ХИВ беше откриен кај 11 лица. Сите се мажи, а осуммина го добиле вирусот преку секс со мажи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1