За сиромашните: Направија чевли кои „растат“ да не мора секоја година да купуваат нови


На родителите во земјите во развој им претставува голема тешкотија да им купат нови обувки на своите деца кога ќе ги надраснат старите чевли, меѓутоа Кентон Ли, кој некои време живеел и работел во Најроби, дизајнирал „обувки кои растат“ заедно со детското стапало.

Компанијата на Кентон Ли, „Because International“, развила меки сандали кои со помош на копчиња и ременчиња и со многу мек еластичен ѓон, многу лесно се прилагодуваат на детското стапало кое до пубертетот многу брзо расте и се менува, пишува весникот The Independent.cevli

Замислено е секое дете да добие помал и поголем чифт од овие сандали, коишто ќе може да ги носи откако ќе прооди па до четиринаесеттата или петнаесеттата година. Секој чифт од овие обувки може да се прилагоди во пет различни величини.

На оваа идеја Ли дошол уште во 2007 година, кога работел во Најроби и ги гледал многуте босоноги деца како играат со огрубени и често изранувани стапала. Во многу неразвиени земји поради сиромаштијата децата одат босоноги, а според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), околу две милијарди луѓе во светот патат од болести коишто ги пренесуваат разни паразити коишто живеат во почвата.

Во обична патна торба која смее да биде внесена во кабина на патнички авиони собира 50 чифта од „сандалите кои растат“, па може едноставно да се транспортираат. Секој чифт е спакуван во посебна вреќичка којашто може да послужи и како торба за на училиште, на што Ли и неговите соработници мислеле додека ги дизајнирале обувките за сиромашните деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1