Заев: Не размислувам за предвремени парламентарни избори


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не размислува за предвремени парламентарни избори бидејќи приоритет во моментов е завршување на локалните избори кои се во тек, а нивниот досегашен резултат, вели, го охрабрува да се фокусира на носење сериозни одлуки, меѓу кои и за прашањето за името на транспарентен и инклузивен начин.

– Не размислувам за предвремени парламентарни избори бидејќи се уште се во тек локалните избори, а наш приоритет е тие на 29-ти да завршат комплетно регуларни и кредибилни како и во првиот круг оти само тогаш Македонија победува. Веројатно ќе ги носиме одлуките по 29-ти. На оваа поддршка гледам како поддршка за работа, а не пак за избори. Резултатите од локалните избори ми даваат дополнителна храброст за носење одлуки вклучувајќи го и решавањето на спорот за името. Македонија има сериозни одлуки пред себе и треба да ги носи на еден транспарентен и инклузивен начин, меѓу другото и одлуките за проблемот којшто Грција ги има со нашето уставно име – рече Заев на заедничката прес-конфернција со претседавачот на Советот на минситри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

Тој потсети дека го повикал посредникот во разговорите Нимиц уште во ноември по изборите да излезе со нови предлози и идеи за надминување на спорот за името.

– Јас го повикав медијаторот Нимиц уште во ноември после изборите да дојде со нови предлози, идеи и со можни решенија по што би навлегле во нивно решавање и би ја повикал опозицијата да учествува во ова прашање, институциите на системот, но во функција на изнаоѓање решение, а не на негово одложување. Затоа што навистина сакаме Македонија да стане 30-та членка на НАТО и затоа што е значајно одлуките што ЕУ ќе ги носи на пролет е одлична можност да почнеме преговори, а сите знаеме дека мораме да направиме нешто со овој сензитивен проблем како наметнат од грчка страна – рече Заев.

Во овој контекст, тој додаде дека е охрабрен од добрите односи со властите во Атина во изминатиот период од формирањето на новата Влада.

– Градењето на пријателството со Грција што го имавме сите овие месеци наназад дополнително мене лично и другите министри во Владата не охрабрува дека треба да влеземе во клинч на решавање на овој проблем притоа секако внимавајќи на нашата поставеност и нашето место во поглед на изнаоѓање решение. Сигурен сум дека по изборите ќе има попрецизни и поконкретни и стратегии и правци, но сигурен сум ќе се разговара за решавање на овој проблем – рече премиерот Заев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1