Заев од Пробиштип: На сите мајки, ќе им ги вратиме децата, обезбедуваме живот!(ВИДЕО)


Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на каднидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, од митингот , во Пробиштип ги повика граѓаните да погледнат во постапките на актуелната власт и да направат разлика, каква влада имаат сега, каква сакаат, и да се вклучат во промените за живот во Македонија.zaev-5666

– Огромен егзодус има во Македонија, над 600 илјади луѓе заминати. Сме имале и тирани, и окупатори, но од своите никогаш. Сабајле излегувам од дома, ми вели мајка ми – многу викаш, ќе засипнеш. Велам, не викам јас, душата ми вика од сите мајки, од цела Македонија, што ги гледам и ми кажуваат колку тагуваат по децата кои не се до нив. Три илјади луѓе во последните неколку години заминале од Пробиштип. Да не дозволиме повеќе да не гази домашна чизма кога знаеме се. Да избереме слобода, да избереме живот – рече Заев.

Тој во Пробиштип го претстави планот на СДСМ кој обезбедува живот за сите граѓани во Македонија и услови за враќање на младите во својата земја и нивните семејства.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1