Заев од Сараево: Потписите се обезбедени, на почетокот на март ќе има нова влада ВИДЕО


Верувам дека за 10-15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од СДСМ. Останува да седнеме со престедателите на другите партии и да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата. Сега се веќе обезбедени потписите за добивање на мандатот, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес конференција во Сараево, БиХ, каде ја прими наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.zoran-zaev

– Синоќа знам дека раководството на ДУИ донесе одлука да ги даде потписите затоа што како второрангирана партија бевме условени од претседателот на дражавата Ѓорге Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот. Сега се веќе обезбедени потписите за добивање на мандатот. Јас верувам дека останува мал дел од преговорите околу формирањето на влада заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програама, платформата на СДСМ, платформата на албанските партии, законот за употреба на јазиците се усогласени. Тоа беа суштествени работи – рече Заев, кој посочи дека до 8-ми или 10-ти март ќе се соопшти составот на новата влада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1