Заев: Податоците во ДИК се погрешно внесувани, Груевски не смее да формира Влада


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од партиското седиште посочи дека синоќешните резултати се само прелиминарни, но дека конечните ќе покажат поинаков сооднос на силите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.zoran-zaev1-540x360

Според Заев, гласовите испратени од општинските изборни комисии не се исти со оние од Државната изборна комисија и дека во тек е проверка што ќе донесе сосема поинакви резултати во добиените мандати.

Никола Груевски не смее да формира влада во Македонија. Бидејќи првичните резултати ги збунија граѓаните, има разлики во целосните резултати. СДСМ има поголем број на мандати во ИЕ 6, со што соодносот на добиени мандати е 50-50. Поради констатираните нерегуларности за кои известија и набљудувачите, ќе поднесеме приговори, вистинската слика ќе ја дадат конечните резултати, рече Заев.

Заев ги повика сите парламентарни партии освен ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат мнозински изразената волја на граѓаните.

Сакам да повикам мудро, одлучно, одважно да ја почитуваме мнозинската желба за живот наместо режим. Мнозинството граѓани се изјаснија дека не сакаат криминалци да владејат. Заедно постигнавме резултат за кој што ќе се пишува во учебници. Поразивме режим со пенкало, ја обединивме мултиетничка Македонија. Граѓаните го поразија Груевски. Доаѓа живот во Македонија, рече Заев

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1