Заев самиот се покани за Нова година во Солун, тврди солунскиот градоначалник


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, тврди дека не го поканил претседателот на Владата, Зоран Заев, за Нова година во Солун.

„Јас не го поканив, тој самиот се покани. За време на мојата посета во Скопје во ноември се сретнавме и тој ми кажа дека сака новогодишните празници да ги помине во Солун. Му реков да дојде, дека верувам дека ќе си помине убаво. Не претпоставив дека ова ќе се протолкува како формална покана. Дознав дека со околу 15-ина пријатели резервирале соби во хотелот ‘Македонија Палас’. Ако ми се јави, ќе дојдам да се сретнеме, ако не, нека ја помине Новата година со своите пријатели“, изјави Бутарис за „Вима“.

Владата пред неколку дена соопшти дека Зоран Заев новата година ќе ја дочека во Солун. Од прес-службата на Владата соопштија дека престојот на Заев во Грција ќе биде во форма на приватна посета.

Makfax.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1