Заев утре на распит кај Зврлевски


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утре во 12 часот треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство.zaev

Распитот се очекува да биде во врска за употреба на недозволиви средства за изборна кампања, како и лажирање податоци во финансиските извештаи на партијата.

Освен Заев, на распит ќе биде повикан и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кој треба да се појави во обвинителството во понеделник или во вторник.

Пред неколку дена обвинителството на Марко Зврлевски информираше дека отворило постапка против Заев додека бил градоначалник за асфалтирање на улица во Струмица за тендер кој бил спроведен пред 7 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1