Заглавени македонски туристи – пожар на вториот крак во Грција (Ексклузивно видео)


Голем шумски пожар ја зафати шумата во близина на Порто Карас на вториот крак во Грција каде што во моментов има многу туристи од Македонија, објави ТВНоваScreenshot_2

Дел од нив, како и доста туристи од Србија се заглавени поради огнената стихија која се прошири во близина на патот, што ги оневозможува туристите да се засолнат подалеку од пожарот.

Како што може да се види од ексклузивните снимки до кои дојде телевизија Нова, пожарот зафатил претежно ниска шума и грмушки, но значителниот ветер во голема мера им ги отежнува условите на противпожарните екипи кои се излезени на терен со неколку противпожарни возила.

Во напорите за гасење на огнот учество земаат и екипи кои се обидуваат да го гасат огнот со авиони.

Екслузивното видео на Тв Нова погледнете го на следниот ЛИНК 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1