Заложничката драма во Франција – има неколку ранети


Вооружен маж држи во заложништво неколку лица во северниот француски град Рубе, на границата со Белгија. Некои од учесниците во инцидентот имаат прострелни рани, јави Ројтерс повикувајќи се на медицински извори.

Се наведува дека меѓу заложниците има и деца. Радио станицата РТЛ наведува дека инцидентот се случил откако осомничените биле запрени на контролен пункт заради проверка на безбедноста.francija-ima-raneti

– Во тек е операција за ослободување на зложниците, соопшти извор од француската полиција.

Тој нагласи дека пред отпочнувањето на заложничката криза од реонот се слушнале истрели.

Според истиот полициски извор, заложниците најверојатно се директор на една локална банка и неговото семејство.

Француските медиуми јавија дека реонот во кој вооружените лица ги држат заложниците е блокиран од страна на полицијата и дека на самото место пристигнале медицински и противпожарни возила, пренесе МИА.

Засега не е познато дали овој инцидент е поврзан со нападите во Париз од 13 ноември

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1