Засекогаш решете ги проблемите со кондензација во поткровјето!


Кондензацијата и штетата која таа ја причинува на ѕидовите, мебелот и на сликите е директен резултат од живеењето во современи услови, кој е воден од желбата за потопли и покомфорни простории.

Како резултат на тоа се потопли простории, но и многу ограничена вентилација, така што водената пареа која се произведува во текот на вообичаените секојдневни животни активности нема можност да излезе од просторијата и со тоа само се поттикнува кондензацијата.prozor pvc

Од каде доаѓа?
ДИШЕЊЕ За 8 часа спиење, две возрасни лица произведуваат 0,64l вода
ГРЕЕЊЕ Секој потрошен литар гас за греење, може да произведе 1l водена пареа. Грејачите на цврсти горива произведуваат 0.8l водена пареа по m3 гориво
ГОТВЕЊЕ На дневна основа со готвењето се произведува околу 3l водена пареа
КАПЕЊЕ/ПЕРЕЊЕ АЛИШТА Капењето и перењето алишта просечно произведува 1.5l вода, а ако алиштата се сушат внатре, станува збор за околу 5l вода на ден
НОВИ ПРОСТОРИИ Ако некоја просторија била неодамна реновирана или нова просторија била надградена, градежните материјали, како што се цигли, малтер, вар и слично, може да апсорбираат и до 7000l вода во текот на работите, што подоцна се ослободува во просторијата

Чекори за редукција на кондензацијата

-Обезбедете соодветна вентилација
-Собата да се проветрува на дневно ниво со користење на вентилациски преклоп. Отворете го прозорецот 5-10 минути секој ден, за да овозможите размена на воздухот.
-Ограничете го создавањето на влага.
-Прилагодете ги механичките отстранувачи на влага покрај шпоретот и рерните. Не дозволувајте во текот на туширањето или капењето топлата вода непотребно да тече. Држете ја затворена вратата на бањата, а прозорецот во бањата отворете го 10-15 минути по бањањето. Темелно проветрете ја облеката за спиење.
-Позиционирајте ги радијаторите, печките и слично, под прозорците
-Обезбедете континуиран проток на топол воздух преку стаклото на прозорецот со позиционирање на радијаторите непосредно под прозорецот. Оставете одредени извори на топлина перманентно под прозорецот во текот на студените денови.
-Отворајте ги прозорците во текот на сувите, сончеви денови и одржувајте повисока температура отколку вообичаено.

moetopotkrovje.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1