Заштедете со сонцето – Направете соларен шпорет од картон, бојлер..


Kако на неколку лесни и креативни начини да се искористи сончевата енергија. Идејата е да се покажи дека тоа може да се направи без трошење на пари или само со искористување на предмети кои се наоѓааат подома.

solaren-shporet1. Соларен систем за загревање на вода.

Ова е веројатно наједноставниот и најевтиниот начин за загревање на вода со помош на сончевата енергија. Иако овој начин за искористување на сончевото зрачење не е со иста енергетска ефикасност како соларните панели, факт е дека не ни кошта приближно колку што кошта еден соларен панел.

Единствениот трошок е дококу го купувате црното црево. Од видеото подолу може точно да се види изработката.

За превод на Македонски одете до десниот долен агол на видеото, кликнете на дугмето CC и одберете Македонски.

2. Соларен шпорет од картонска кутија.

Соларниот шпорет е исто така релативно едноставен концепт кој е доста лесен за изработка а кој во исто време може да се покажи доста практичен за време на сончевите денови. Соларниот шпорет од сликата подолу е изработен од две картонски кутии една во друга, облога од алуминиумска фолија за апсорбирање на сончевата светлина и капак од плексиглас за зачувување на топината. Според Џон Бомер кој е подпишан позади оваа иновација во неговиот соларен шпорет е доволно топло да се зготви нешто но не и да се запали картонот. Подетални информации за изработка на следниот линк.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1