Застрелано момче во Струга


Дваесет и петгодишното момче М.М. од Струга вчера попладне е застрелано со огнено оружје во левото рамо.


Како што информира Секторот за внатрешни работи од Охрид, пукотницата за која причините се уште не се познати, се случила околу 17 часот. Повредениот е пренесен во хируршкото одделение на Општата болница во Струга, по што е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
– Се преземаат активности за расчистување на случајот, изјави портапролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1