Затворени продавници, Основниот суд порано заврши со работа – Скопје пред протести


Основниот суд Скопје 2 денеска порано заврши со работа. Судската зграда почна да се празни поради најавените протести кои деновиве се организираа преку социјалните мрежи, а кои според најавеното треба да започнат после петочната молитва од џамијата „Јаја паша“ во Скопје.

Поголем број дуќанџии во населбата Чаир утрово најавија дека ќе ги затворат продавниците. Исто така, протестите го пореметија и работното време на Поштата, бидејќи наместо до 20 часот, поради најавените протести, ќе биде отворена до 14 часот. На улиците не поминува ниту еден автобус.

Во Чаир веќе една недела нема ниту еден контејнер откако минатиот петок насилните демонстранти ги палеа и демолираа.

Фото:Либертас

policija protesti

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1