Затворениците сакаат да го линчуваат – Убиецот на Тијана го чуваат во посебна ќелија


На 34- годишниот Драган Ѓуриќ кој ја уби младата Тијана Јуриќ животот му е под закана.

203781На месарот од Сурчин кој свирепо ја уби петнаесетгодишната тинејџерка му е доделена посебна ќелија во затворот во Суботица, со цел да не го линчуваат другите затвореници.

Адвокат добил по службена должност, бидејќи рекол дека нема пари самиот да си плати. Српските медиуми пишуваат сите трошоци на одбраната ќе бидат платени од буџетот на државата.

– Обезбедувањето му е засилено, а храна му се доставува во ќелијата. Исто така, на прошетка ќе биде ваден посебно, за да не го нападне некој во затворскиот круг. Во затворот моментално има слободни места, така што до крајот на судската постапка против него, тој веројатно ќе биде сам во ќелијата, шпекулираат српските медиуми.

Ѓуриќ пред две ноќи бил сослушуван повеќе часови во Вишото обвинителство во Суботица, каде што исто така го признал злосторството, а потоа судијата му одредил притвор од 30 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1