Завршува предизборната кампања во САД


Со девет митинзи од кои еден точно пред полноќ по локално време Хилари Клинтон и Доналд Трамп завршуваат со предизборната кампања за претседател на САД.tramp-klinton

Клинтон (69) се надева дека ќе биде првата жена претседател на САД и денеска закажа два митинга во Пенсилванија, еден во Мичиген и последниот во Северна Каролина пред полноќ по локално време.

Трамп (70) беше во Сарасота, а потоа ќе има митинзи во Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген, Њу Хемпшир.

Во Сарасота, во државата Флорида, Трамп изјави дека победата ќе значи крај на „корумпираниот Вашингтон“.

Според најновата анкета на Универзитетот Квинипиак Трамп и Клинтон се со изедначени резултати во Северна Каролина и Флорида.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1