Земјата гори и допрва ќе гори: Огромни жештини и поплави ќе ја разорат Европа


Експертите предвидуваат дека во иднина ледените денови ќе ги има се помалку за 20 до 70%, а во исто време бројот на пеколни денови ќе нарасне меѓу 30 до 250%.  а плажите и крајбрежјата ќе бидат оштетени во целиот свет.

Поголемиот број на светски научници, не го негираат фактот дека до 2050 година, ќе следи затоплување и зголемување на нивото на морињата, врнежите ќе бидат многу потешки, ќе имаме посилни ветрови, поплави низ континтентите и се почести катастрофи. Експертите не се согласуваат само во предвидувањето на големината на природните катастрофи.

klimatske-promene01Не е новост дека во Европа до средината на овој век ќе има налет на се почести изливи на реки од своите корита, а поплавите низ целите континенти ќе бидат меѓусебно поврзани. Брендан Јонгман, од Универзитетот во Амстердам, главен автор на мултидисциплинираниот истражувачки проект на списанието „Природните климатски промени“ укажува со анализа на промените на дождливиот модел“, каде дошол до заклучок дека поплавите ќе станат пан-европски проблем и дека до средината на векот ќе предизвикаат загуби на националните економии.

За споредба, во првите 12 години, од овој век, просечната цена на поплавите во ЕУ изнесуваше околу 49 милијарди евра годишно.

На база на проекцијата за количината на врнежи во наредните деценции и постојните трошоци на ЕУ за одбрана од поплавите до 2050 година ќе се зголеми на 23,5 милијарди евра годишно, вели професор Јонгман. Само поедини нации можат да се заштитат со изградба на силни и цврсти брани на своите сливови.

Но, според авторите на студијата, европското општество ќе треба да создаде многу посилен и поцврст солидарен фонд, за сите региони каде што ќе постои ризик од катастрофа. Бидејќи тие ќе бидат поврзани на еден или друг начин, истите ќе се одразат на целосно другиот крај на континентот.

brckoПоплавите и поројните дождови на Балканот во Србија, Босна и Црна Гора, исто така беа охрабрувачки за некои од научниците да можат да ги објаснат. Стручните списанија потсетуваат дека Балканот веќе ги искусил климатските екстреми во последните години. Зимата 2011/2012 година беше една од најладните и најоштри во последните неколку децении, а потоа следуваше пеколно лето, што предизвика неконтролирани пожари.

Просечната температура на планетата во иднина, едногласни се сите институти од целиот свет, ќе бидат за еден до два степени повисока од денес, што е далеку поголем раст отколку во претходните стогодишни периоди. Милиони луѓе директно на своја кожа ќе ги почувствуваат овие промени, особено оние кои живеат на бреговите на морињата и океаните. плажите и крајбрежјата ќе бидат отсечени од целиот свет, што ќе предизвика огромни последици по туризмот.

Со ова особено се занимаваат шпанските институти, кои истакнуваат дека нивната Коста Брава ќе претрпи големи штети по инфраструктурата. Од 1900 година, зголемувањето на нивото на морето изнесувало 20 сантиметри, а проекциите на Шпанскиот Институт до 2050 година ќе порасне до 25 сантиметри, што тамошните експерти го поврзуваат со растот на температурата на водата и топлите глечери и ледот на Гренланд, Арктикот, и Антартикот.

temperatura vremeНиту промената на температурата ќе биде сразмерно насекаде иста, иако ледените денови ќе бидат помали за 20 до 70%, додека бројот на пеколни денови ќе порасне меѓу 30 до 250%, особено на средните надморски височини. „Времетраењето и интезитетот на сушата веројатно ќе се зголеми во регионите како што се Медитеранот, Централна Европа и Централна Америка, во Североисточниот дел на Бразил и Јужна Африка“, вели професорот Мануел де Кастро.

Експертите на НАСА направиле прогноза за влијанието на климатските промени врз континентот.

Европа: Зголемен ризик од катастрофални поплави во внатрешноста на континентот. На бреговите поплавите ќе бидат почести, како ерозија на почвата. Во јужниот дел на континентот приносите на жетвите ќе бидат драстично намалени.

Латинска Америка: Постепеното ќе има намалување на територијата под тропските шуми, особено во источните делови на Амазон. Потоа ќе се создадат тревни степи.

Северна Америка: Потенки и помали снежни покривки на планините. Повеќе дожд и жестока суша во пределите каде што инаку нема доволно дожд.

Африка: До крајот на оваа деценија, околу двесте милиони луѓе би можеле да бидат оставени без доволно вода за пиење. Во сушните области може да има голем недостиг на храна.

Азија: На југ, во централниот дел и југо-исток ќе има недостиг на вода за пиење, додека големиот крајбрежен појас ќе биде подложен на поплави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1