Згазена жена во Скопје – додека вадела работи од гепек


Жена од Скопје вчера околу 15.30 часот била повредена на улицата Воин Драшковски. Таа вадела предмети од гепекот на своето возило.Soobrakajci-policija

Во еден момент во неа удрило „пежо 206“ со скопски таблички управувано од П.М. (32) од Скопје.

Повредената М.М. (68) од Скопје била пренесена во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки повреди и е задржана на лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1