Жељко никогаш не се опорави од куршумите и од загубата на синот


Кумот на пејачот откри болни детали од неговиот живот, како и тоа како ја засакал музиката.

-Игравме ние со топка, кошарка, но Жељко најмногу ја сакаше музиката. Јас мислам дека од мајка му ја наследи таа жичка за пеење. Беше разгален, зошто сите во куќата дишеа за него. Беше среден ученик, одличен, многу добар но не се истакнуваше. Тој имаше чувство за поезија. Во музичкото училиште беше еден од ретките мажи, па се шегувавме поради тоа, а потоа почна да свири труба, раскажува неговиот кум.

Сепак, две најстрашни работи му го одбележаа животот на пејачот: неговото ранување и загубата на синот.

-Тој беше сосема случајно ранет, летаа куршуми. Тој беше во еден стан, запукаа гранати и него незгодно го погодија во грбот. Требаше во Љубљана да се оперира на клиника и така продолжи по својот пат. Физички последици имаше, но Жељко со духот беше премногу силен за да остави тоа поголема трага врз него. Кога го загуби синот, тоа му беше најтешкиот ден во животот. Мислам дека музиката го извлече, таа му помогна многу во животот, и од него направи господин, велат пријателите на Жељко во емисијата „Премиера“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1