Жена се породила пред болницата во Чаир – бебето паднало на бетонот, лекарите не помогнале


Жена денеска околу пладне се породила во автомобил пред Гинеколошката клиника во скопски Чаир, бебето паднало на бетонот, јавува press24.

Очевидци за Press24 велат дека денесkа околу 12 часот жената сама со автомобил дошла пред гинеколошко-акушерската клиника “Мајка Тереза и неможела да излезе од автомобилот. Иако луѓето кои се наоѓале во близина веднаш ги повикале докторите тие не излегле да и помогнат.poraganje-cair

-Неможеше да излезе од кола, ниту еден од докторите не излегуваше на помош, иако беа повикани. Во тој момент, жената се породи во кола и бебето и падна на циментот. Да не бевме јас и уште еден човек, бебето ќе си останеше на бетонот и никој немаше да го чепне – вели очевидец за Press24 кој ни испратил фотографии од местото на породувањето.

Очевидецот за Press24 вели дека крвта за помалку од една минутабила избришана.

Неофицијални извори на Press24 од болницата го потврдиле настанот, но не сакале да откриваат детали.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1