Жив и здрав ФЕЛИКС на земја – го проби звучниот зид со скок од работ на вселената – Видео/Фото


Австриецот Феликс Баумгартнер влезе во историјата на човештвото откако скокна од работ на вселената.

скокна во 20:06 часот по средно европско време од височина од 39.068 метри, а не како што претходно беше планирано од височина од 36.576 метри. Еве како изгледаше тоа.

20.07 – Скокна ! со глава кон земја, рацете припиени за тело Феликс Баумгартнер зачекори во непознато.

20.08 – го проби звучниот ѕид и се огласи прв пат по напуштањето на капсулата.

20.10 – го исклучува греењето на визирот поради отежната видливост. После четири минути и петнаесет секунди слободен пад го отвори падобранот.

20.15 – На Земја повторно! Жив и здрав.

20:20 – Феликс сруши неколку рекорди – најбрз слободен пад, највисок лет со балон. го собори рекордот кој пред 52 години го постави неговиот ментор Џозеф Китинџер.

По само 32 секунди го проби звучниот ѕид, а најголемата брзина која ја достигна изнесуваше 1.173 километир на час. Тимот кој работише на проектот Ред Бул Стратос, составен од  200 луѓе со овации го пречекаа.

Освен собарување на рекродот во слободен пад, со овој проект ќе се дојде до важни информации кои на научниците ќе им помогнат да ја подобрат сигурноста во вселенските патувања и ќе овозможи евакуација од леталото на големи висини.

Целиот скок е сниман од BBC кој за ова ќе направи и документарец. Фотографирано беше од 3 фотографи

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1