Животот му бил вистински хорор: Го држеле во подрум врзан за кревет 20 години


Бразилската полиција во градот Гуаруљос, на југоистокот на земјата, случајно го пронашла 36 годишниот Арманод Бензера де Андраде, кого семејстовото го држело во подрумот од куќата цели 20 години.

Полицијата упад во куќата извршила во тек на акција за фаќање членови на нарко картел.screenshot4-52-88542

Мажот не можел да збори и самостојно да застене на нозе.

Андраде, кого маќеата го злоставувала додека бил средношколец исчезнал на 16 години.

Соседите кажале дека во куќата живееле неговиот татко, маќеата и полубратот.

На фотографиите може да се види како на ѕидовите во просторијата, која е и кревет и тоалет, има и ланци.

Таткото на полицијата и кажал дека Андраде избегал како млад у се вратил минатата недела, а од семејстовото побарал да го заштитат затоа што бил зависник од дрога.

Истрагата продолжува, а таткото не е приведен.

Официјалните лица наведоа дека пронајдениот Андраде е хоспитализиран и дека востановено дека има ментални проблеми.

Од друга стана, некои медиуми тврдат дека семејството за оние кои прашувале за Андраде говореле дека се отселил на другиот крај на земјата и дека му е добро.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1