Знаци: Како да познаете дека ви направиле црна магија?


Црна магија е форма на магија што користи зли сили. Се користи со зли намери и најчесто предизвикува штета на било кој начин. Се смета за темната страна на магијата – ова е една од дефинициите. Сите сме чуле по некоја прикаска наводно од блиски луѓе и секогаш прикаската е прераскажана како вистина која се случила на некој во кој имате доверба. Прикаски има многу – докази не баш. и секогаш прикаската ја раскажува некој што ја слушнал, а не паталец па така малку е тешко за верување. Како и да е ова е присутно на нашите простори па еве неколку знаци за кои оние кои веруваат велат дека се знак за црна магија.ritual9

Потребно за да се направи црна магија се лични предмети, кои се поврзани со една личност , како што се нокти, коса, облека , земја од дворот или гробот, слика на личност, па се поврзуваат со памукчиња, коса, со некоја боја или други чудни комбинации. Овие објекти се носители на лични астрална енергија, која се ‘уште живее. Нарачателот добива некој спремен предмет – кој мора да е ставен во близина на жртвата.

Најголемата замка на магија е кога жртвата  ја обвинува црната магија за сите негови проблеми – Магијата неможе да влијае доколку духот на жртвата е силен, пишува во Dion Fortune ” Психичкaт самоодбрана “

Сепак, ова се некои од можните „симптоми“ на црна магија. Кошмари, несоница, хроничен замор , тежина во нозете и рамената, вртоглавица , промени во температурата на телото , забрзан раст и пад на притисок , знаци се дека магијата пробиле низ ѕидот на свеста, и работи на физички план . Еве како да ги препознаете.

Кога на лицето ви се појават пигментни дамки и други кожни проблеми, иако анализата на крвта ви е добра.

Кога жена не може да забремени, без да има медицински причини за тоа.

Кога без причина, нагло слабее или нагло се дебелее.

Кога млада жена излегува со мажи редовно, но се случува така, врската да се прекинува и таа никогаш не може да се ожени.

Кога не ви се допаѓа да се гледате во огледало.

Кога докторите даваат различни дијагнози, но нема никаков ефект од третманот.

Кога едната зеница е поголема од другата.

Кога се чувствувате како да сте во стапица од кој нема излез, и ве води надолу.

Кога немате желба за работа, желба за излез, кога немате желба за живот.

Кога во домот има многу мравки, додека кај соседите нема.

Кога не те сакаат и те напаѓаат животните.

Кога во соништата ви доаѓаат демони или сонувате кошмари.

СЕПАК НЕ ПОТПАЃАЈТЕ НА ЛАЖНИ ИСЦЕЛИТЕЛИ, ЛУЃЕ КОИ НАВОДНО ОСТРАНУВААТ ЦРНА МАГИЈА ЗА ПАРИ – НИТУ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ, НИТУ ЌЕ ВЕ ИЗЛЕЧАТ САМО ЌЕ ВИ ГИ ЗЕМАТ ПАРИТЕ. според сите книги самопомошта, силниот дух, вербата, молитвата се доволни за човек да се чуствува комплетен и задоволен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1