ЗОРАН ВАСИЛЕВСКИ – Нека се лутат колку сакаат – факт е дека естрадата не треба да молчи за Тоше


Деновиве Зоран Василевски, уредникот на списанието „Фаци“ револтиран напиша неколку ФБ статуси во врска со распаѓањето на гробот на нашиот ангел Тоше Проески . Иако некои тоа го нарекоа негова медиумска војна со естрадата, тој не мисли баш дека е така.

-На мојот фејсбук профил решив да ја поттикнам нашата естрада, пејачите, да се организираат и да направат еден голем хуманитарен концерт за да се соберат средства за обнова на вечното почивалиште на нашиот Тошка. Ако Владата молчи , естрадата не треба да молчи. После моите статуси, за жал многу од пејачите ми се налутија дека сум ги спомнал со име и презиме, дека сум ги срамел пред јавноста, а оние пак кои ми се јавија или ми пишаа порака на мобилниот рекоа дека за ваква иницијатива демек морале да ги консултираат нивните менаџери. Искрено ова ме извади од кожа зошто нашата легенда направи многу за оваа земја. Направи многу за Македонија, за народот. Нема да навлегувам што беше Тоше, сите тоа добро го знаеме, но се изнервирав од тоа што истите тие се сликаа зарди публицитет на неговиот гроб, истите тие и ден денес на нивните тезги ги пеат неговите хитови
( кои за жал никогаш нема да ги имаат), истите тие кои напудрени и стокмени даваа изјави како им е жал што починал, сега се прават глуви, вели Зоран.

Тој на својот профил јавно повика некои од познатите пејачи кои му се налутиле. Затоа Зоран дообјаснува:
– Денес, пет години подоцна естрадата молчи на реакциите на Балканските медиуми кои пишуваат дека гробот на македонскиот ангел се распаѓа, а на Македонија како да и е галје за тоа. Моите колеги, естрадните новинари, посебно оние кои соработуваа со Проески се крајно револтирани од пеачите кои молчат. Јас лично се пријавувам да го организирам концертот и ветувам тоа ќе го сторам, па макар донел пејачи од соседна Србија. Нашите музички имиња треба да знаат дека ако се сака, се се може, а нивните менаџери и да сакаат не ќе може да ги сопрат, овде не се работи за профит, се работи за човечност.

Тоше соработуваше со сите на естрадата, од пеачи до новинари, имаше срце за сите. Неговите ексклузиви кои тој ми ги даваше мене на пример ми донесоа слава и кариера. Убаво ми беше кога пишував за толкава ѕвезда – Јас тоа никогаш нема да го заборавам, ниту нашите разговори, дружбите, патувањата ( последното на Хвар).. Еве ќе ви откријам една реченица која тој ми ја кажа на промоцијата на неговиот албум во хотелот Палас во Скопје-.

Цитирам- „Зоки, јас успеав, но мислам дека треба вие естрадните новинари да им помогнете и на младите пеачи кои допрва доаѓаат во музичките води, да ги турнете малку, без вас не ќе можат сами.Дајте им медиумска подршка“ .Ова беа зборовите на нашиот ангел , а истите тие на кои им ја дадовме медиумска поддршка денес молчат. Но јас нема да молчам, нема ни моите колеги кои соработуваа со толкава ѕвезда како Тоше. Мене ми беше огромна чест што пиев кафе со него, а ним? на крај се прашува Василевски.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

12 Responses to “ЗОРАН ВАСИЛЕВСКИ – Нека се лутат колку сакаат – факт е дека естрадата не треба да молчи за Тоше”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.