Зоран Заев доби одговор – парите се донација за специјалната единица


Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“ ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот, е рушење на институциите и безбедносниот систем на Република Македонија.

Ова го истакна помошник министер на МВР Иво Котевски, кој посочи дека СДСМ очекуваат ослабување на капацитетите и отварање на слободен простор за реализирање на нивните сценарија за уривање на слободната воља на граѓаните.ivo kotevski

-Целата јавност, денеска беше сведок на обид за директно инволвирање на официјални институции и пријателски служби од земји кои во бројни наврати ја докажале својата блискост со Република Македонија. За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да потенцираме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи, рече Котевски.

Додаде дека станува збор за помош која ја добило МВР во висина од 5.557.377 евра.

-Станува збор за над 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици, а за сето ова постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна.

Четвртоосомничениот во аферата „Пуч“,според МВР, со денешниот настап покажа дека е против поголема ефикасност и поголема лична безбедност на полициските специјалци.

Од Министерството за внатрешни работи јавно се извинја на израелското Министерство за одбрана за, како што рекоа,  денешниот срамен настап на четвртоосомничениот,  и изрази уверување дека ставовите на вакви луѓе не се и официјални ставови на Република македонија.

-Се надеваме дека блиските односи и соработката ќе продолжат и во иднина на највисоко ниво. Грѓаните на Република Македонија и Министерството се благодарни за донираната помош и убедени се дека ваквите испади нема да ги нарушат досегашните односи, посочи Котесвки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1