Зошто бил загрижен пред несреќата? Што му се случувало на Трајковски пред смртта


На денешен ден, авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски со осум негови соработници и членови на екипажот се урна во близината на селото Ротимље кај Мостар.Последните две-три недели од животот, а особено последните неколку дена, претседателот Трајковски бил некако отсутен, загрижен и тажен, без неговата препознатлива насмевка.

trajkovski zaginati

Потрагата за паднатиот авион траеше дури 24 часа и наредниот ден беше соопштено дека претседателот, членовите на неговиот Кабинет и екипажот се мртви. Падот на авионот не го преживеал никој, а биле оштетени резервоарите на кингерот поради што избил пожар кој ги зафатил телата на неколкумина од настраданите, вклучувајќи го и претседателот Трајковски, беа официјалните информации кои пристигаа од БиХ.

Истрагата за несреќата траеше еден месец, а вината беше лоцирана кај пилотите кои не ја почитувале процедурата за слетување на мостарскиот аеродром. Контролорите од аеродромската кула кои ги даваа упатствата за слетување, припадници на францускиот контингент СФОР, никогаш не беа интервјуирани и експресно за 48 часа беа прераспоредени во база на друг контингент.

saat-500Многу домашни и странски експерти како и европратеникот Андрес Грос веднаш го оспорија извештајот за несреќата наведувајќи безброј пропусти. Дел од нив тврдеа дека станува збор за класична ликвидација, а скопскиот адвокат Игнат Панчевски тврдеше дека има докази кои го поткрепуваат тоа тврдење.

Покрај часовникот на една од жртвите кој е застанат половина час по официјалното време на падот на авионот, Панчевски тврдеше дека дел од патниците го преживеале падот, а некои од нив наводно разговарале со семејствата.

Тој минатата година излезе со шокантна изјава дека поседува сателитска снимка од падот на кингерот каде јасно се гледа дека е срушен со ракета испалена од друг авион.

Претседателот Трајковски ја читал Библијата и ноќта пред да замине за Мостар.

Boris-Trajkovski-630x418– Три дена по авионската несреќа Сара ја видела Библијата на масичката во спалната. Се сетив дека Борис ја читаше пред да заспие. Ќерката дојде плачејќи и ми покажа дека татко ѝ последната ноќ од својот живот го читал и го обележил шеесет и четвртиот псалм. Во тој псалм пишува: „Послушај го, Боже, гласот на мојата жалба, чувај ми го животот од страшен непријател. Штити ме од множество лукави, скриј ме од бесот на злодејците, кои ги острат јазиците како мечеви; исфрлаат отровни зборови како стрели за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо. Подготвени се за пакосно дело, смислувајќи како да постават крадум стапици, и зборуваат: кој ќе нѐ види“. Изјави во едено интервју сопругата на Трајковски, Вилма.

Boris-i-Vilma.jpg2

Неколкупати забележав дека гледа во една точка и ништо не зборува, чиниш не слуша. На лицето му се гледаше загриженост, иако се трудеше тоа да го скрие од нас. вторникот вечерта на 24 февруари ми се јави од кабинетот, каде што често остануваше до доцна во ноќта, за да ме праша дали би сакала да одам со него на карневалот во Струмица. Се извини што заборавил порано да ми каже. По гласот почувствував дека е преморен. За жал, јас веќе имав договорено некои обврски со синот, не можев да ги откажам, во Струмица беше Сара со другарките. Ноќта, влегувајќи во градот, веднаш ѝ се јавил по телефон. Ја прашал каде е, сакал да ја види. Таа му рекла дека е далеку од свечената ложа, дека има многу народ и дека ќе му треба многу време за да се пробие со обезбедувањето до неа. Не успеале да се видат.

По завршувањето на карневалот, Борис со преостанатите гости заминал на прием во хотелот „Сириус“. По извесно време, одеднаш станал и рекол дека ќе оди дома, да го види татко си. Луѓето од обезбедувањето биле збунети; било доцна. Набрзо стигнале дома; Борис го разбудил татко си и му рекол: „Тате, дојдов само да те видам“. Потоа малку поразговарале, го гушнал и си заминал. Бог знае зошто токму таа ноќ почувствувал потреба да го види.

trajkovski kinger-Ноќта во средата, ноќта пред утрото предвидено за полетување за Мостар, остана на работа до 22.30 часот. Кога си дојде дома, децата веќе спиеја. Тој речиси до полноќ разговараше по телефон. Не знам колку беше часот кога Сара се разбуди и се симна долу. Таа вели дека засекогаш ќе ја помни последната слика на татко си: тој во бела кошула и вратоврска седи крај масичката со телефонот и разговара.  го гушна татко си, го погледна и му рече: „Тато, ти многу се промени; ми изгледаш остарено“. Борис ме погледна мене, како да сакаше да каже: „Зарем навистина сум остарен?“. Имаше само 48 години. Сара и сега многу тагува; не може да сфати зошто му го кажала токму тоа и токму во последната ноќ од неговиот живот.

Заедно со претседателот загинаа и советниците од неговиот кабинет Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, дипломатот од МНР, Миле Крстевски, членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Божиновски, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1