Зошто денарот е денар, а доларот долар: Како валутите ги добиле имињата?


Од земја до земја валутите се разликуваат колку и културите и јазиците. Но, сте се прашале ли некогаш како ги добиле имињата и зошто денарот се вика токму денар?

Едно етимолошко истражување неодамна спроведено на Оксфорд го објаснува потеклото на најзастапените светски валути.

1. Динар / денар

dinari_srpski

 

Многу национални валути го носат името динар – српската, кувајтската, јорданската, алжирската…
Зборот динар доаќа директно од латинскиот „denarius“, кој означува сребрени парички што се користеле во Римското Царство.

2. Доларdolar1

Доларот е најзастпената валута во светот. Се корсти во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и во други земји.
Според Оксфорд, името доаѓа од фламанскиот збор „joachimsthal“, кој се однесува на долината на Јоаким богата со сребрена руда. Паричките што се ковале од руда од оваа долина се викале „joachimsthaler“ или скратено „thaler“. Со текот на времето, како што се развивал јазикот „taler“ станал „долар“.

3. Пезос

„Peso“ на шпански значи тежина.

4. Лираliri-italija
Називот на поранешната италијанска и сегашна турска валута потекнува од латинскиот збор „libra“, кој означува фунта, единица за маса.
5. Маркаmarka

 

Пред еврото Германија и Финска користеа марка, чиешто име, исто така, влее потекло од мерна единица.

Кинескиот јуан, јапонскиот јен и корејскиот вон

 

Сите три валути потекнуваат од кинескиот симбил „圓“, кој означува округла паричка.

Круна

Скандинавските земји користат валута, која се нарекува круна. Името го добила од латинската „korona“ што означува круна.

РубљаA local businessman counts Russian roubles at a tourist base outside Krasnoyarsk

 

Руската рубља го добила името од глаголот „рубить“ што значи „отсече, пресече“, зашто се сметала за стотинка од гривна.

10. Рупи

Индиската и пакистанска валута го добила името по зборот рупија, кој на санскрт значи сребро.

РијалMoney changer poses for the camera with U.S hundred dollar bill and the amount being given when converting it into Iranian rials, at a currency exchange shop in Tehran's business district, Iran

Латинскиот збор „regalis“ значи „кралски“ и од него потекнува името ријал. Денеска можете да пазарите со ријали во Оман, Иран, Катар, Саудиска Арабија и Јемен, а некогаш и во Шпанија.

11. Фунта

И британската фунта ги влече корените од латинскиот, од зборот „poundus“, што значи тежина.

12. Форинта

Унгарците плаќаат со форинта, чијшто назив која потекнува од италијанскиот збор „florino“ или златна паричка од Фиренца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1