Зошто гледаме разни форми кога ги затвораме очите?


Многу луѓе сметаат дека во прашање е одраз на она што сме го виделе пред да ги затвориме очите, но тоа е само делумен одговор, велат научницитеzatvoreni oci

Во прашање се фосфени, движечки визуелни перцепции кои ги гледаме кога ќе ги затвориме очите. Се смета дека ги произведува внатешен електричен набој кој мрежницата го произведува и во состојба на мирување, кога до неа не допира обилна светлина и информации од надворешниот свет.

Во тој момент се прави регенерација на мрежницата, односно пигмент кој детектира различни бранови должини на светлина. Продолжување на фосфенот може да предизвика и механичка стимулација на мрежницата по пат на нанесениот притисок.

Ова лесно може да се тестира со затворање на очите и лесно притискање на капаците. Тоа не би требало да го правите многу силно и многу често, затоа што би можело да им наштети на очите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1