Јанева кон Боки 13: Јас се држам под контрола


„Јас се држам под контрола“, се вели во една од снимките, кои беа денеска пуштени во судницата, а на која се слуша екс специјалната обвинителка Катица Јанева како зборува со првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

Во разговорот Боки 13 зборува за враќањето на патната исправа на Камчев.

Во друг разговор, се слуша како бизнисменот Орце Камчев разговара со Јовановски.

„Имаш поздрав од жената“, му вели Бојан на Камчев, мислејќи на Катица Јанева.

Во меѓувреме тие договараат средба, по што се слуша гласот на обвинетата Јанева која вели: „Не се секирај, се ќе биде ок“.

„Таа ќе излезе со предлог дека нема никаква опасност ако ти се врати патната исправа“, му вели Јовановски на бизнисменот.

„Јас сум прецизен човек, како ќе ми кажете да направам, така ќе биде“, посочува тој.

Беа пуштени и видео снимките кај што се бројат парите кај Камчев и кои се ставаат по купчиња во торбата Луј Витон, кои веќе беа познати на јавноста.

Се презентираа и снимките од Боки 13 и Зоран Милески Кичеец како со торбата заминуваат од домот на Камчев.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1