Јанева во болница со висок притисок и анксиозност – Денеска ќе се врати во Шутка


Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева по четири дена болничко лекување во клиниката „Жан Митрев“ денеска треба да биде вратена во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Адвокатка Ирена Фрчковска, рече дека очекуваат Јанева денеска да биде пуштена од болничко лекување, кога ќе имаат и повеќе детали за здравствената состојба.

– Најверојатно ќе биде пуштена денеска напладне и тогаш ќе знам повеќе детали, изјави Фрчковска.

Поради висок притисок и општа анксиозност Јанева минатата недела беше пренесена на клиниката „Жан Митрев“ на интернистичко кардиолошки преглед.

Фрчкоска, на 10 октомври, кажа дека Јанева е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но Судот го одби ова барање.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1