Јанева: Водев преговори со Камчев да стане сведок во една нова предистрага


По објавувањето на третото продолжение за аферата „Рекет“ во италијанскиот весник се јави и специјалната обвинителка Катица Јанева со изјава објавена на сајтот на СЈО.

Таа повтори дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често како што вели се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.

„Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители. Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име“, стои во изјавата од Јанева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1