Ќе се отворат моловите, обложувалниците и авто школите – од следната недела и угостителските објекти


Оваа недела се отвораат моловите, а угостителските објекти почнуваат со работа од идниот понеделник. Ова е предлог планот на Комисијата за заразни болести кој ќе биде доставен до Владата. Олабабувањето на рестриктивните мерки ќе се случува во неколку фази. Комисијата заклучила дека епидемијата е под контрола, здравствениот систем може да одговори на предизвиците и да се откријат контактите на заболените, што било клучно животот постепено да почне да се враќа во нормала.

-Оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници, органи за управување и конференции, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност, и затворени трговски центри односно молови без угостителска дејност, како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас кои целосно ги подготвија капацитетите. следната недела во предвид е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективни спортови, и повторно после епидемиолошката анализа и следење на состојбата следната недела после таа, игрите на среќа во казина, автомат клубови, тренинзи во затворени спортски објети и базени, работа на теретани фитнис клубови и хотелски објекти, изјави д-р Венко Филипче, министер за здрвство.

Враќањето во функција на градинките ќе зависи од скринингот на вработените кој почнува утре. Ќе бидат земени брисеви на 2000 воспитувачки и негователки.

Засега нема препорака за кратење на полицискиот час. Останува ограничување на движењето од 19 до 5 часот наутро.

-Полицискиот час беше еден од факторите за да ја намалиме трансмисијата на вирусот заради тоа што кога има асполутно мирување, кога има полициски час, најдобро се спроведува контролата. Значи во овој момент не размислувавме за скратување на полицискиот час, но може да се наметне потребата во периодот којшто доаѓа посебно заради тоа што економските оператори постепено ќе се враќаат во функција. Ја пратиме состојбата и соодветно ќе предложиме до Владата, но засега не се размислува, рече Филипче.

Дополнително ќе се анализира кога ќе се отворат границите. Според Филипче прво ќе следеле разговори и подготовки со министрите од регионот дали ќе се бараат брисеви или ќе има други услови.

Проценката на здравствените власти е дека во следниот период може да се одржат изборите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1