Џонсон : Подобро да лежам мртов во ендек , отколку да го одложам Брегзит


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не доаѓа предвид одложувањето на Брегзит.

Борис Џонсон порача денеска дека подобро да лежи мртво во ендек , отколку да го одложи излезот на Британија од ЕУ , определен на 31. октомври.

На прашањето дали може да и вети на британската јавност дека нема да отиде во Брисел и да побара друг датум за Брегзит, Џонсон изјави : „Можам да го ветам тоа. Претпочитам да бидам мртов во ендек“.

Во говорот во полициската станица во Северна Англија, Џонсон се праша која е целта на понатамошното одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Пратениците во вторникот го поддржаа нацрт-законот, кој има за цел да го спречи Брегзит без договор, со кој се обврзува Џонсон да побара од Брисел да го продолжи крајниот рок на Брегзит по 31 октомври.Најверојатен датум е 31. јануари 2020 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1