10 години даваме пари во новите пензиски фондови – Вреди ли?


Лична сметка, со средства сите ваши платени пари низ годините – Тие средства не се користат за исплата на туѓи пензии, туку се Ваши лични средства што ќе ги користите како дел од пензија. Овие средства може да се предмет на наследување, што не е случај во едностолбниот систем.

Со Вашите средства се вложува во сигурни финансиски инструменти што овозможува сигурност и остварува принос на вложените средства и со што се создава можност за раст на идните пензии/пензиски надоместоци на членовите на Фондовите и на тој начин обезбедувајќи Ви повеќе средства за пензионерските денови.

82270_penzioneri-01-foto-s-pasalic-polozena_f

На овој начин може да си земате пензија од 3 места и тоа

– Фондот за ПИОМ врз основа на висината  на платите и должината на стажот.Тоа значи дека Вие како сегашни вработени одделувате придонеси во износ од 18% месечно кои се исплаќаат на сегашните пензионери (Вашите родители) и Вие немате никаква заштеда во иднина… И тоа се повторува секој нареден месец… Вам Ви останува единствено да се надевате дека кога ќе дојде Вашето време за пензија, некој друг истото ќе го прави за Вас.

– задолжителниот пензиски фонд од вториот столб – Вториот дел од пензијата се исплатува од задолжителна индивидуалната сметка на членот во Задолжителниот пензиски фонд. Во овој фонд додега има над 300 милиони пари кои ги заштедиле за црни денови граѓаните на Македонија. Средствата издвоени од плата, заедно со приносот од нивното инвестирање му припаѓаат на осигуреникот и влегуваат во формирањето на износот на пензијата. Поради фактот што граѓаните не се во состојба да ги бираат своите инвестициони стратегии, тие немаат никаква контрола во однос на превземениот ризик од страна на фондовите кои се одговорни за менаџирањето на нивните средства. Претпазливоста на регулаторите преку законските рестрикции доведоа до сериозно лимитирање на “инвестициската слобода”. Тие се обидуваат да ја намалат веројатноста од “лоши сценарија” како што се: пензионирани граѓани без доволно средства

Средствата се наследни.broenje denari pari mk

– и доброволниот пензиски столб во третиот пензиски столб што е штедење на доброволна основа.

Третиот столб овозможува дополнително пензиско осигурување за оние осигуреници кои сакаат да остварат повисока пензија и кои покрај задолжителниот придонес за ПИО, доброволно ќе одлучат да издвојуваат дополнителни средства од своите приходи. Исто така, во третиот столб можат да се зачленат и граѓани кои не се опфатени со системот на задолжително пензиско и инвалидско осигурување. Третиот столб вклучува приватни пензиски фондови и друштва кои управуваат со нив. Член на третиот пензиски столб, согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, може да биде секое домашно или странско лице над 18 години. Средствата се наследни и достапни најрано 10 години пред правото на остварување на пензија

Со вакво комбинирање на исплатата на пензијата од трите пензиски столба, се обезбедува поголема сигурност и пензија при старост за поединецот.

Пензијата од втор столб не може да се исплати во готово

Со законската регулатива, средствата од сметката на членот на задолжителниот пензиски фонд (од 2 столб) се дел од неговиот личен имот. Тој не може да располага со нив с` до денот на пензионирањето, смрт или инвалидност. Пензијата од втор столб не може да се исплати еднократно, туку или преку доживотен ануитет, програмирани повлекувања или комбинирано.banka-322

Средствата од третиот доброволен столб може да се подигнат најрано десет години пред возраста за стекнување право на старосна пензија (во општ случај 52 години за жена и 54 години за маж). Исплатата може да се изврши еднократно, преку програмирани повлекувања, ануитети, повеќекратни исплати и комбинирано. Во случај на смрт на член или пензиониран член на доброволниот пензиски фонд средствата од сметката стануваат дел од оставинската маса и се предмет на наследување.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје вчера прослави значаен јубилеј – 10 години од постоење на Друштвото. КБ Прво пензиско друштво е едно од пионерите во нашата држава кои од почетокот, директно и активно учествуваа во спроведувањето на една од најзначајните, најмакотрпните и најдолготрајните реформи што се реализирани во Република Македонија, реформата на пензискиот систем. Друштвото управува со два фонда – КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

Главната цел на Друштвото е да обезбеди услови за достојна пензија за членовите на пензиските фондови.

Денес, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје има над 200.013 членови и времено распределени лица, кои што се сопственици на над 316 милиони евра, додека во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје има 12.778 членови, кои што се сопственици на над 5 милиони евра.

MK News

Автор инфо

One Response to “10 години даваме пари во новите пензиски фондови – Вреди ли?”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.