100 македонци измамени од туристичка агенција – управителката во притвор, на сметка и се слеале 120.000 евра


Нови 30 дена притвор доби управителката на туристичка агенција од Прилеп Јасмина Ј. Таа е притворена веќе еден месец, но притворот и е продолжен бидејќи судот мора да испраша 80 сведоци – оштетени граѓани, пишува Нова Македонија.според пишувањата на весникот измамата била откриена кога дел од патниците стигнале до луксузните дестинации каде или немало резервација во хотелите или, пак, не било организирано комплетно патувањето. Некои од туристите дури останале заглавени по европските аеродроми, бидејќи ниту авионските карти не биле резервирани. Туристите морале да се јавуваат дома и да бараат да им испратат пари за да се вратат. Кога во агенцијата се собирале се повеќе граѓани се посомневале дека се работи за поголема измама и случајот го пријавиле во полиција. Управителката доби кривична пријава.

Во својот исказ пред обвинителот убедувала дека се било легално и зборувала во детали, пишува Нова Македонија. Според инфромациите уплатени биле најмалку 120.000 евра. Таа потврдила дека ги примила парите и ги уплатила на сметка, но и дека набргу потоа ги подигала. Се проценува дека на крајот бројката на измамени граѓани ќе стигне до 100.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

One Response to “100 македонци измамени од туристичка агенција – управителката во притвор, на сметка и се слеале 120.000 евра”

  1. I nad popovite ima pop. Sakam da kazam deka i nad neplakacite na danok i nad aramiite ima aramii. Zatoa ovoj vesel slucaj policijata treba da go gleda i da go rascistuva od drugata strana na vistinata. Vo sekoj slucaj ja pozdravuvam dosetlivata Jasmina…

    16/09/2012 10:42 at 10:42 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1