11 март `43 – Црн ден за Евреите од Македонија – срамен ден за Бугарија (Фото)


evrei-1-652На овој датум, 11 март, 1943 година, пред 70 години  7.148 Евреи од Македонија беа транспортирани во концентрациониот логор на смртта Треблинка.

Денес се одбележува овој мрачен ден, а заедницата на евреите бара од Бугарија да се извини за тоа што ги испрати во смрт евреите од Македонија.

Можеме да простиме но не и да заборавиме – изјавија нивните членови.

evrei33evrei8Но наместо извинување на евреите Бугарија донесе ,,стерилна,, одлука во парламенот дека жалат што не ,,успеале да ги спасат,, евреите од Македонија. Поголем трн во око им беше филмот ,,Трето полувреме,, кои е еден вид сведоштво на една дама Ребека Коен, која го преживеала холокаустот и депортацијата.

Тие филмот го оценија како ,,политички,, наместо како сведоштво.

Пред спомен-плочата во Монополот во Скопје во Тутунскиот комбинат, денес многубројни делегации од земјава и од странство, денеска положија цвеќиња во знак на сеќавање на сограѓаните Евреи од Скопје, жртви на Холокаустот.

evrei6

Во историјата на Комбинатот,  меѓу другото стои дека на 11 март 1943 година овој Комбинат е пренаменет за привремен логор за 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип. На чело на привремениот логор бил поставен бугарскиот офицер Пејо Драганов Пеев.

Суботиќ потсети дека според куќниот ред на логорот, на Евреите не им било дозволено да имаат пари, цигари, кибрит, злато, забранет е разговор и видување со надворешни лица.

Било забрането носење храна, гледање низ прозорецот, допишување, одење од одделение во одделение..

Во собите на овие згради биле сместувани по 500 луѓе на кревети направени од штици.

evrei7deportacija-makedonski-evreiХраната била делена два пати дневно, а посетата на тоалети била групно и со придружба на стражар. Десетина дена подоцна, од тука, нагласи Суботиќ, преку три последователни транспорти на 22, 25 и 29 март се натоварени во вагони за стока и испратени во гасни комори и печките на Треблинка, каде потоа се убиени.

За оваа годишнина, во март 2011 година во Еврејското маало во Скопје беше свечено отворен Меморијален центар на холокаустот на македонските Евреи.

memorijalen centar evreiИзграден е со средства од имотите на  семејства на убиените македонски Евреи кои немаат наследници. Тие беа собрани во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кој претходно работеше на имотно-правните прашања поврзани со денационализацијата на земјиштето каде што е изграден објектот.

Во спомен на депортираните македонски Евреи, делегација на Република Македонија во 2008 година во логорот Треблинка постави обележје со натпис „Македонија“.

ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ ЦЕЛ ФИЛМ – КОЈ НЕ ГО ГЛЕДАЛ – ИЗВОЛТЕ 🙂

MAC02_HOLOCAUST_MUSEUM01_wide

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1