14 год дете поради видео игра сакал да скокне од далновод – Видео од спасувањето


14 годишно дете се заканувал дека ќе скокне од далноводот на кој се качил денеска околу 13 часот во белградската населба Коњарник.

Родителите не сакале да му купат компјутерска игра и се заканувал дека нема да се симне се додека не му ја купат, други пак тврдат дека детето било малтретирано во училиште  и затоа сакал да се самоубие.

Не се знае како воопшто успеало детето да се качи на далноводот кој е под висок напон, а да не се повреди качувајќи се. За да може да го спасат детето морале да ја исклучат струјата во тој дел. Освен полицајците во преговарачкиот тим дошле и неговите родители кој со цели 2 часа го убедувале детето да се симне. За среќа на крајот успеале.

Еве видео снимка од драмата на далноводот во Белград.

Share Button
MK News

Автор инфо

One Response to “14 год дете поради видео игра сакал да скокне од далновод – Видео од спасувањето”

  1. 45454545 #

    Да сакал да се фрли ќе се фрлел уште при првото качување ,а не вака да изиграва “мајмунче качено на дрво”

    Му било флимот да привлече внимание и да се пишува по вести ,сајтови и весници

    04/12/2012 22:10 at 22:10 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1